Ослободете се од огорченоста и зачувајте го здравјето

од desk4
368 прегледи

Огорченоста, сама по себе, не ги решава проблемите, но само ви ја одзема виталноста и ви го убива духот.

Сите сме свесни за тоа и дека е многу тешко да се смириме кога всушност, во нас гори тивок оган на лутината и бесот. Но, токму ваквите чувства ве прават болни, уморни, немотивирани… Колку и да се обидуваме да се носиме со тоа, некогаш е навистина невозможно.

Лекарите сметаат дека кога сме повредени од некого, нашето тело реагира со грчење на мускулите, чувствителност на зглобовите, како и стегање во градите.

Многупати сме морале да проголтаме некоја навреда, но притоа иако забораваме, нашето тело памети и реагира со намалена циркулација, а со тоа и со намален имунитет.

Затоа, не се прашувајте дали можеби вие сте премногу ранливи, бидејќи тоа не е точно – сосема е нормално кога сте повредени да ви страда и телото, но и менталното здравје.

За да го избегнете тоа, научете да простувате, да бидете трпеливи, да бидете толерантни и никогаш не заборавајте едно – вие сте господарот на своите чувства!

Слични содржини