167
Ослободувањето на американската кошаркарка Бритни Грајнер од затворот во Русија, што го побара американскиот претседател Џозеф Бајден пред конгресните избори во ноември, не е приоритет на Москва, изјави денеска помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.
„Бајден пред изборите бара ослободување од рускиот затвор на кошаркарката обвинета за шверц на дрога, но тоа не е главно прашање за Москва“, подвлече Ушаков, пренесе ТАСС.
На 4 август, Бритни Грајнер беше осудена на девет години затвор за поседување, транспорт и трговија со дрога.