Османи ќе ги претстави приоритетите и целите на С.Македонија за време на претседавањето со Јадранската Повелба

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре (9 јануари) пред амбасадорите на земјите – членки и набљудувачи на САД – Јадранската Повелба (САД, Р. Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Р. Косово, Р. Србија и Р. Словенија) во Скопје, ќе ги претстави приоритетите и целите на Република Северна Македонија за време на претседавањето со Повелбата, во 2023.

Во 10:00 часот започнува работниот состанок со амбасадорите на САД- Јадранската Повелба (А5), додека во 11:00 ќе има заедничка прес конференција на МНР Османи и амбасадорката на САД во Скопје, Анџела Агелер, за претседавањето со А5.