Османи: Ја повикувам Бугарија да ја прекинеме пинг-понг дебатата и да ја вратиме позитивната агенда

од Nikola Popovski
152 прегледи

„Мислам дека сите го кажавме она што требаше да го кажеме. Ги кажавме нашите позиции, Бугарија ги кажа своите позиции и време е да се стави крај на оваа пинг-понг дебата меѓу нашите општества и наше вовлекување во бугарската изборна кампања“, рече вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на прашање дали ќе биде испратена протестна нота за каменувањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград.

Според него, од 2006 година Северна Македонија имаше 15 изборни кампањи и не смета дека е потребно да се оптоварува општеството во Северна Македонија со политичката нестабилност во Бугарија.

„Мислам дека треба да повлечеме линија, кажавме се што имавме да и кажеме на Бугарија, преку белешки, пораки, денеска дури и го известивме ЕП во врска со напишаното од еден европратеник. Ако продолжиме вака, ова нема да заврши, ескалациите ќе продолжат и ќе бидат вовлечени во вртлогот на нестабилното политичко општество во Бугарија, а за тоа се заинтересирани политички и други фактори кај нас. За жал, мислам дека има невидлива рака која ги турка и во Бугарија и кај нас“, рече Османи на прес-конференција по Конференцијата за борба против антисемитизмот што се одржа во Скопје.

Според него, Северна Македонија има многу предизвици пред себе, скрининг кој е во тек, има реформи што треба да се направат и ја повика дипломатијата да си ја заврши работата, а Бугарија „да ја запре оваа каскада на меѓусебни обвинувања“, да воспостави комуникација. , за да се врати „позитивната агенда“ и сите разлики да бидат на маса и пред дипломатијата, без да се вклучат општествата во двете земји во овие непотребни кризи.

„Да ставиме црта на тој  вициозен циклус на меѓусебни обвинувања сакам да ставам црта – ако има разбирање во Република Бугарија и го прифатат овој наш повик, тоа ќе биде во интерес на двете држави, доколку не, тогаш ќе се адаптираме на новиот развој на случувањата, кажа Османи.