Османи ѝ честиташе на Шекеринска за изборот за втор човек на НАТО

од Nikola Popovski
593 прегледи

Косовската претседателка Вјоса Османи ѝ честиташе на екс-министерката Радмила Шекеринска за нејзиното именување за заменик-генерален секретар на НАТО Алијансата.

„Ми беше чест да работам со неа во изминатите години, особено на унапредување на Агендата за жени, мир и безбедност. Со нетрпение очекувам да продолжи соработката за нашите заеднички приоритети и и посакувам многу успех во нејзината важна нова улога“, напиша Османи на социјалната мрежа „Х“.

Покрај неа, честитки упатија и црногорскиот претседател, Јаков Милатовиќ и шефот на бугарската држава, Румен Радев.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте одлучи да ја назначи Шекеринска за негов заменик, кој ќе ја преземе функцијата на крајот на годината.

Шекеринска претходно беше потпретседател на македонската влада за европски интеграции и министер за одбрана, во време кога земјава стана членка на НАТО.

Слични содржини