Османи: 20 години од Солунскиот самит на Западен Балкан му треба повеќе интеграција пред членството во Унијата

од Vladimir Zorba

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес одржа конференција за медиумите по повод 20 годишнината на Солунскиот самит, кога Европската Унија и Западниот Балкан зацртаа јасна цел за интеграција на целиот регион во Унијата. Според Османи, 20 години по изјавата дека „иднината на Балканот е внатре во Европската Унија“ државите чекореа напред кон европеизација, меѓутоа само Хрватска е членка, што претставува недоволен и разочарувачки резултат за граѓаните.

„Имаме над 40% усогласеност на нашето законодавство со европското, што овозможува подлабока институционална соработка, а достигнавме и 100% усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Иако сѐ уште не сме целосно интегрирани во заедничкиот пазар, имаме силно трговско и економско поврзување и нашите стоки и услуги одамна се дел од европскиот пазар, а европските компании се најголемите странски инвеститори во земјава. Имаме висок степен на мобилност преку активната студентска размена – Еразмус+, а граѓаните исто така одамна ја имаат придобивката слободно да патуваат во земјите на ЕУ заради безвизниот режим“, рече Османи .

Меѓутоа, според Османи, најголемиот проблем во изминатите 20 години е зголемениот јаз по однос на економската конвергенција помеѓу нас и земјите членки на ЕУ, кој наместо да се намалува, постојано се зголемува. Министерот истакна дека прифатливо и времено решение е т.н. иницијатива за повеќе интеграција пред самото формално членство за земјите од Западен Балкан, со цел постепен пристап и учество на земјите кандидати во соодветните ЕУ политики, формати и фондови.

„Членството во Унијата е крајната цел, но мора да има повеќе интеграција на овој пат, како што напредуваме во процесот на прситпаување и исполнуваме критериуми. Само ова ќе доведе до кредибилитет на процесот и вреди да се промовира на 20-годишнината од Солунскиот самит“, рече Османи, истакнувајќи дека од Брисел е добиен позитивен одговор за истата.

Слични содржини