Османи: 350.000 евра месечно од општина Чаир завршуваат кај активисти на ВЛЕН

Да беа тие 720 лица барем излезени да го исчистат Чаир, денес немаше да биде најзагадената општина во Скопје, порачал Османи

од Nikola Popovski
88 прегледи Фото: Фејсбук

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, на синоќешната средба со граѓаните, остро го осуди, како што го нарече, „масовниот систем за извлекување пари од општинскиот буџет преку фиктивни договори и злоупотреби“.

„Мора да бидеме реални. Буџетот на Чаир е ограничен. 67% оди за плати, додека остатокот е составен од фиктивни договори. Во јули имаше 720 договори, фиктивни работни ангажмани за луѓе кои седат дома и пишуваат статуси против мене и вас, против нашата кауза. Ова чини 350.000 евра месечно од парите на граѓаните, од вашите даноци“, нагласил Османи.

Тој ги повикал граѓаните да ја проверат платформата „Отворени финансии“, официјална алатка на Министерството за финансии, поддржана од Американската амбасада, каде што јасно се гледа како се троши јавниот буџет.

„Тие формираа нова партија, додека ние треба да им плаќаме на нивните активисти? Дали треба да им плаќаме и на нивните кафулиња и ресторани со наши пари? Ова е неприфатливо. Во Серава или Дижонска, со тие 350.000 евра, можеше да се спроведува сериозен проект секој месец“, рекол Османи.

Тој ја споредл оваа ситуација со состојбата на хигиената и загадувањето во општината.

„Да беа тие 720 лица барем излезени да го исчистат Чаир, денес немаше да биде најзагадената општина во Скопје“, порачал кандидатот за градоначалник на Чаир.

Слични содржини