Османи: Ако некој биде оштетен од Отворениот Балкан, тогаш нема да учествуваме во оваа иницијатива

од Destan Jonuzi
216 прегледи

„Иницијативата Отворен Балкан нема да биде целосна до учеството на шесте земји од Западен Балкан“, изјави министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, на настан со амбасадорот на Косово во Скопје, Флоријан Ќехаја по повод 13 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

– Отворениот Балкан е органска иницијатива. Иницијатива на земјите од регионот, која на светот му дава чувство дека и ние можеме да работиме заедно без некој друг да не покани на друга иницијатива. Но, проблемот на Отворениот Балкан е што не се сите 6 земји на Западен Балкан таму, изјави Османи.

Ние, додаде тој, како Северна Македонија нема да дозволиме ниту една друга држава да биде оштетена.

– Сметаме дека ако некој биде оштетен, тука мислам и за Косово поради нејзините ставови кон оваа иницијатива, тогаш нема да учествуваме во оваа иницијатива. Ние ќе бидеме чувари на одбраната на која било земја на Отворениот Балкан, изјави Османи.

Северна Македонија ја призна Косово на 9 октомври 2008 година. Дипломатските односи меѓу двете земји беа воспоставени на 16 октомври 2009 година.

 

Слични содржини