Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во изјави за „Утрински Брифинг“ на „Слободна ТВ“ најави дека ако се зголеми бројот на заразени од Ковид-19 во земјава, повторно во сила ќе стапат тврдите мерки.
Состојбата во Струга беше под контрола, но она што се случи вчера серизно може да ја влоши ситуацијата. Мора да се каже дека дури 20% заболените во Струшко, беа со смртни последици, што е запрепастувачко.
-Она што се случи вчера е разочарувачки. Се она што се обидувавме, што вложувавме огромни напори, вчера во Струга се сруши. Имаше пропусти во многу нивоа. Организациски пред се. Не сакам да зборам низ приозма на религија или вера, бидејќи тоа е сензитивно прашање. Вчера вриеше на социјалните мрежи, со прашања зошто едни верски заедници да ги затвораат светите храмови а други не.Имаме законски уредби, како дистанца, носење маски, така што има многу елементи на кршење закони каде не е важно дали се работи за верски заедници или граѓански собири, изјави Османи.