Османи: Ако Украина ја изгуби војната, ние сме следни

од Nikola Popovski
328 прегледи

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи смета дека Украина мора да победи во војната со Русија, бидејќи како што вели, ако изгуби, империјалните амбиции на Москва ќе дојдат на Балканот и ние ќе бидеме следни.

-Украина мора да победи и заради нас, не само за нив. Граѓаните се гневни што ни се повторуват грешките. Не учиме ни од своите грешки. Дозволуваме темни националистички сили да ни ја киднапираат иднината. Ќе најдеме решение, но теоретски ризикот е уште една декада да изгубиме и толку луѓе да изгубиме. Најзагрозени се македонскиот народ кои ни заминуваат со бугарски пасоши за подобар стандард, вели Османи после одлуката на Самитот ЕУ-Западен Балкан, Украина да почне официјални преговори со ЕУ, а Македонија се уште не, односно се бара да ги исполни условите и да ги спроведе уставните измени, согласно преговарачката рамка.

-И во Русија, Путин има голема доверба, но дали тоа значи дека јавното мислење таму што е за продолжување на војната во Украина, се во право? Не се право. Затоа во вакви случаи се бара лидерство и државници. Разликата меѓу политичар и државник е што политичарите мислат за следните избори, а државник за следните генерации. Нас ни се потребни државници, истакна Османи во емисијата на „Слободен печат“.

Вели дека Бугарите жестоко се противеле на уставните измени, бидејќи како што потенцира, тие сметаат дека не се малцинство во Македонија.

-Вашингтон и Брисел ги натераа да го прифатат компромисот. Затоа САД и ЕУ толку силно стојат зад уставните измени. Едвај ги убедија за да падне таа рамковна позиција и Декларација на тамошното собрание, која што негираше јазик, идентитет и беше одлука изгласана со консензус. Компромисното решение нас не фаворизира. Наместо Бугарите да го минираат ова решение, ние го минимираме и сега они се чудат, нагласи шефот на македонската дипломатија.

Според Османи, сегашната бугарска влада е „релативно коректна и не провоцира како претходно“.

Слични содржини