Османи: Албанија има право да го дигне гласот

од Берта Китинска
224 прегледи

Кажав и претходно дека не е долгорочен интерес на Албанија да се одвои од нас на овој пат, вели министерот за ндаворешни работи Бујар Османи.

-Така што ако барем до една фаза во процесот додека политичките критериуми се клучни си помагаме еден на друг, долгорочно ќе се создаде една синергија која го турка целиот процес напред. Се разбира дека Албанија има право да го дигне гласот, да каже ги исполнивме сите критериуми, зошто јас сум заложник на досието на друга држава. Меѓутоа, сум свесен дека и Албанија го дели мислењето дека долгорочно тоа не и одговара и многу земји-членки сметаат дека тоа ќе ја влоши регионалната динамика ако тоа се случи, истакна Османи.

Според него, засега немаме сигнал од ниту една земја-членка која би преферирала одвојување на пакетот.

– Сите се заинтересирани да се заврши оваа работа за двете држави. Но дека прашањето ќе се актуелизира од јуни, доколку ние не ги почнеме преговорите, тоа сум сигурен. Дека Албанија ќе биде многу погласна, дека ќе се обиде да лобира и дека ќе има земји-членки кои ќе кажат дека навистина ќе треба да се најде решение, а тоа нас нема да ни одговара. Затоа треба да сме фокусирани да не дојдеме во ситуација ова прашање да се актуелизира, оцени Османи.