Министерот за надворешни работи, Бујар Османи попладнево преку својот Фејсбук профил соопшти дека Владата на денешната седница ги одобрила измените на Законот за рестриктивни мерки, со кои, како што вели, американските и британските листи стануваат основа за санкционирање и од нашите институции.
-Согласно сегашното решение, Законот за рестриктивни мерки ги регулира прашањата на воведување, изменување и престанување на важењето на рестриктивните мерки, како и механизмите на координација и надзор на примената на истите, како основи за воведување рестриктивни мерки во сегашното решение се – задолжителни обврзувачки резолуции на Советот за безбедност на Обединети нации, правни акти на ЕУ, други меѓународни организации во кој членува земјата и на барање на надлежни органи на други држави за прашања на тероризмот и пролиферација на оружкјето, истакна Османи пред неколку дена во изјава за медиуми.
Премиерот Димитар Ковачевски денеска ги поздрави најавените законски измени.
-Ние сите сакаме од наутро да бидеме најголеми Американци, ама попладне тоа што тие го прават, ништо да не важи овде. Членството во НАТО не значи само ставање на знаме пред официјалните институции, туку и воведување на стандарди, поголемо владеење на право и отчетност. Велика Британија е исто така наш стратешки партнер од независноста. Овие измени ќе овозможат и вклучување на лица и носители на јавни функции и на тој начин ќе се отвори простор, тие докази што го имаат, се споделат со нашите институции, за да се носат соодветни одлуки од соодветните органи во државата, рече Ковачевски.
Македонските државјани и фирми кои ќе завршат на црните листи на САД и Обединетото Кралство поради корупција и злоупотреба на службената положба, ќе почувствуваат санкции и од домашните власти.
Инаку, последен на „црната листа“ на САД се најде бизнисменот и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев, поради неговата вмешаност во значителна корупција, како што соопштија во известувањето од Стејт департментот. На него му е забранет влез во САД, а одлуката беше соопштена месецов