Османи: Арифи не била предлог за амбасадор во Анкара

од Берта Китинска

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека не е сигурен дека во јуни, Македонија ќе добие датум за преговори за влез во Европската Унија. Тој вели дека направено е се што се барало, а доколку датумот не биде доделен, тогаш, за одговорноста кажа дека е во Бугарија и ЕУ.

Во врска со амбасадорското место Теута Арифи, министерот вели дека никогаш немало предлог за Теута Арифи да биде амбасадорка во Анкара.

-Немало ни размислување. Вчера не само портали, туку големи медиуми објавија вест за Арифи без да побараат став од МНР. Никогаш немало предлог за Арифи за Вашингтон, за таа да биде одбиена. За ЕУ немало формализиран предлог за Арифи, имало размислувања, но формален предлог за Брисел за Арифи немало. Ни за Анкара немало агреман за неа. Да внимаваме при споменување на имиња. Не било пратено барање за агреман за било која држава за Теута Арифи – рече Османи.

Слични содржини