Османи бара од Израел да не возвраќа на нападот на Иран

од Nikola Popovski
171 прегледи

Во моментот состојбата е делумно стабилизирана. Училиштата во Израел се пуштени во функција, а тамошниот воен кабинет се уште нема одлука дали ќе возврати. Ја користам оваа прилика да побарам од Израел да не донесе одлука, бидејќи спиралата на конфликти само ќе се влоши, изјави шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи говорејќи за ситуацијата на Блискиот исток по нападот на Иран.

Според Османи, досега само еден македонски државјанин се пријавил во амбасадата во Израел и побарал да биде евакуиран. Веднаш му е даден патен лист за да може да ја напушти државата.

-Семејствата на амбасадорот и дипломатот се таму. Сепак решиле да останат и да ја следат состојбата. Подготвени се и координираме доколку е потребно да интервенираме. Од Иран немаме барање од наши државјани за евакуација, кажа министерот.

Министерот оценува дека состојбата во моментов е „статус кво“.

-Граѓаните да се јават во нашите амбасади, нека ги има на списоците, дајте телефонски броеви. Утре ако се влоши, ќе знаеме како да ве контактираме, им порача Османи на македонските државјани кои се во земјите на Блискиот исток.

Слични содржини