Османи: Бевме понижени во Европскиот парламент, Македонија нема претрпено таков дебакл

од Nikola Popovski
388 прегледи

Потретседателот на ДУИ, Бујар Османи вели дека граѓаните со право се гневни по усвоениот Извештај за Македонија во Европскиот парламент, но без термините македонски јазик и идентитет. Смета дека бевме понижени, „сите граѓани, Македонците, државата беше поништена…“.

-Државата нема претрпено таков дебакл во својата историја на европска перспектива. 461 пратеник наспроти 121 веруваа на верзијата на Бугарија по однос на тоа прашање и тоа во институција каде што Бугарија нема право на вето. Оваа Влада виде со каков спаринг партнер си имаме работа и нејзиното влијание како земја-членка. Ние успеавме во институција каде Бугарија има право на вето, со нивно гласање, да го направиме историскиот пробив за јазикот со чистата формулација во Преговарачката рамка, а Владата во ЕП каде Бугарија нема право на вето, успеа да убеди 461 пратеник да гласаат. Moите информации се дека Владата била вклучена во дел од процесот (пред усвојувањето на Извештајот), кажа Османи во емисијата „Само интервју“.

Екс-министерот за надворешни работи потенцира дека немаше потреба да се отвори прашање кое што веќе е затворено.

-Да го изложите јазикот, најсензитивното прашање за граѓаните, за да можат пратениците да играат со тоа – да додаваат модерен, ваков таков…Има такви кои што велат, иако не сум убеден, дека оваа Влада е ЕУ саботер и дека е дел од една мрежа за саботирање на европската идеја на Западен Балкан. Начинот на кој што ги извади вистинските причини за ветото и блокадата е аматерски, дилетантски и спротивен на интересите на државата. Ако Бугарија успеала дури 461 пратеник да ги убеди во својот став дека ова има погрешна цел и намера со Извештајот…Да беше некое тесно мнозинство, па ајде да кажеме, ама ваков дебакл не сме доживеале, оценува Османи.

Слични содржини