Османи- Брегу: Што поскоро усвојување на преговарачката рамка за С.Македонија и одржување на првата Меѓувладината конференција

од Берта Китинска
253 прегледи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со генералната секретарка на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу.

Се разговараше за тековните прашања поврзани со европската интеграција на земјите од Западен Балкан, со посебен акцент на статусот на евроинтегративниото досие на Република Северна Македонија. Беше изразено очекувањето за што поскоро усвојување на преговарачката рамка за Северна Македонија и одржување на првата Меѓувладината конференција со која ќе се означи и почетокот на процесот на преговарање за членство во Европската Унија.

Во фокус на разговорите беше регионалната соработка и активностите во рамките на Советот за регионална соработка – Економскиот инвестиционен план за Западен Балкан, социо – економската трансформација на регионот на Југоисточна Европа, Зелената агенда за Западен Балкан, и други теми кои придонесуваат за плодна и богата регионална соработка.

Соговорниците разменија мислења и за влијанието на руската инвазија на Украина врз процесот на заокружување на европската иднина на земјите од Западен Балкан, и ефектите на војната врз регионалната соработка во нашиот регион и пошироко.

Слични содржини