Бугарија не ги спори идентитетски атрубути, нема потреба од никаков страв затоа што никој не може да го оспорува македонскиот јазик и идентитет и тоа го разјаснивме со бугарските колеги по серијата средби изминатиот период, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи, во емисијата Трилинг.
Тој дека каменот на сопнување е нивната позиција по однос на историјата, односно на минатото.
-Ова е добра појдовна основа да се продолжи понатаму. Успеавме тоа да го разјасниме преку се почестите и појасни позиции на Бугарија дека ниту имаат право да спорат затоа што тоа се права на државите кои произлегуваат од фундаментланто право на самоопределвуање. Државите познаваат држави и после државите сами одлучуваат кој јазик да зборуваат, како се нарекуваат и важно е тоа да го зацврстуваме за да не отвориме дебата понатаму, додаде Османи.