268
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи потврди дека во последниот период е во различни комуникации со Софија, но дека нема никаква конкретна реакција од нивна страна.
„Освен тоа што вчера беше повикан нашиот в.д. амбасадор во Софија во бугарското МНР, за да се покаже позитивен став во однос на реакцијата на нашата држава кон говорот на омраза. Сепак, тоа е дел од нормалната комуникација“, вели Османи за емисијата „360 степени“.
Според него, една од забелешките што вчера ја соопштиле од Софија е дека Бугарија не ги спори правото на самоопределување и идентитетските атрибути на нашата земја.