Османи: Честитки до Косово за визната либерализација

од Nikola Popovski
195 прегледи

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи им го честиташе на косовските граѓани стапувањето во сила на визната либерализација.

-Честитки до Косово за постигнувањето на визната либерализација со отворање на нови можности за патување и проширена соработка, промовирање на поголеми врски. Важно постигнување за напредокот и просперитетот на Косово, неговиот народ и за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, напиша Османи на својот официјален профил на Х.

Граѓаните на Косово од овој понеделник, 1 јануари 2024 година, без визи може да патуваат во 27 земји од Шенген зоната.

Слични содржини