Честитки за преземањето на водството со Советот на ЕУ од страна на Словенија, но и за силниот фокус кон реафирмација на процесот на проширување со земјите од Западен Балкан, изјавил министерот за надворешни работи, Бујар Османи на заедничката седница на КЕП и НСЕИ во Собранието на која беа презентирани Програмата и Приоритетите на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ.
Според неа, треба да ѝ се честита на Словенија и за иницијативата да организираат Самит ЕУ-ЗБ, спроведувањето на Економско инвестицискиот план и можноста за вклучување на регионот во работата на Конференцијата за иднината на ЕУ.
Во овој контекст тој нагласил дека во периодот кој е пред нас, ќе продолжиме да продуцираме резултати од реформите со ЕУ предзнак кои се во полза на нашите граѓани како и да вложуваме во добрососедските односи бидејќи на крајот единствена непроменлива константа е географијата и таа не може да ја промениме.