Османи-Дачиќ: ОБСЕ ќе продолжи да го поддржува дијалогот Белград-Приштина

од Nikola Popovski
191 прегледи

Помирување, градење на доверба и борба против корупцијата се трите столба на кои се потпираат приоритетите за Југоисточна Европа на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ. За ова разговарале шефот на македонската дипломатија и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи и српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.

Според двајцата соговорници, трите столба можат да останат стабилни само преку заеднички влог и проактивност од страна на сите земји-учеснички.

Османи истакна дека Дачиќ разговарале и за одличната соработка на националните институции со Мисијата на ОБСЕ во Србија која придонесува за регионалната стабилност.

-Моменталните наративи бараат колективно и одговорно носење на одлуките. Заедничките напори за ефективен мултилатерализам се инвестиција во соработката, но пред сè во мирот. Затоа ОБСЕ ќе продолжи да го поддржува дијалогот Белград-Приштина, објави Османи.

Слични содржини