Османи денес во работна посета на Грција: Средби со политичкиот врв на јужниот сосед

465 прегледи

Денес министерот за надворешни работи, Бујар Османи заминува во работна посета на Грција, каде ќе оствари средби со неговиот колега на грчката страна, Никос Дендиас, претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, Мицотакис, како и тамошниот министер за надворешни работи, надлежен за европски прашања, Малтиадис Варвициотис.

Дендиас и Османи, како што соопшти МНР, ќе разговараат за теми поврзани со билатералните односи меѓу двете земји, интензивирање и продлабочување на политичкиот дијалог во различни области, како и Акцискиот план за соработка и имплементацијата на Договорот за стратешко партнерство (Преспа).

Од Министерството за надворешни работи на Грција пак, соопштија дека фокусот на разговорите ќе биде на прашањата поврзани со билатералните политички и економски односи, вклучително и соработката за справување со последиците од пандемијата, како и теми од регионален интерес со акцентот на европската перспектива на Западен Балкан.

Во рамките на останатите средби со претставниците на државниот врв, според нашето МНР, ќе бидат отворени темите за унапредување на економско-трговската соработка меѓу двете земји, стратешките проекти за поврзување со гас и со гориво, како и учеството на Северна Македонија во гасниот терминал „Александрополис“ во Грција.

На средбите ќе стане збор и за политичките актуелности во регионот и регионалната соработка, особено за неговата европска и евроатлантска перспектива и поддршката што Грција ѝ ја дава на Северна Македонија во тој контекст, стои во соопштението на МНР.

Слични содржини