Османи до Мицкоски: Заврши времето на национализмот

од Nikola Popovski
367 прегледи

Министерот за надворешни работи и кандидат на „Европскиот фронт“ за претседател, Бујар Османи во интервју за „Albanian post“ изјавил дека дека мешањето на косовскиот премиер Албин Курти во изборниот процес во земјава создала одредена тензија, но дека е убеден дека тоа нема да влијае на исходот од изборите на кој било начин.

„Она што создаде одредена тензија е фактот што Курти е премиер. Инаку, Курти како претставник на политичките партии секогаш соработувал со опозициските партии, но тоа што е премиер треба да го направи повнимателен. Со ова се вклучуваат и државите, а има и други последици“, рекол Османи.

Тој додал дека пред 20 години Албанците биле исклучен народ во Македонија, a денес се, како што вели, луѓето што ја водат државата, со пр премиер и сите најважни места за одлучување.

Коментирајќи ги засилените напади на здружената опозиција врз ДУИ, Османи вели дека тие треба да имаат понуда за изборите, освен да го критикуваат лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Имам совети за опозицијата, ниту една партија не добила конкуренција со тоа што е против некого, нема понуда, но сакаат да го соборат Али Ахмети. Албанците имаат се што имаат благодарение на придонесот на Ахмети“, навел тој.

Османи зборувал и за обвинувањата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кон ДУИ, порачувајќи му на лидерот на опозицијата дека „времето на национализмот заврши“.

„Мицкоски треба да ја анализира својата политичка еволуција и да покаже дали има руско влијание во неговата политика. Ова е реториката од минатото. ДУИ ќе биде победник на овие избори, имаме црвени линии за оние кои не го почитуваат Охридскиот договор и еден со Бугарија“, рекол претседателскиот кандидат во интервјуто.

Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8 мај заедно со парламентарните избори.

Слични содржини