Османи: Доколку изборите се заедно, ќе има премиер Албанец од почетокот на јануари предложен од ДУИ

од Nikola Popovski
264 прегледи

Шефот на македонската дипломатија и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи денеска во пресрет на Младинскиот форум во рамки на Претседателството со ОБСЕ, се надева дека сите земји-учеснички ќе бидат присутни во Скопје за Министерскиот совет.

-Присуството на министрите не е во билатерална смисла, туку во мултилатерален контекст и С.Македонија како претседавач на ОБСЕ треба да обезбеди услови да бидат присутни сите, рече Османи во изјава за медиумите.

Околу најавените избори следната година, Османи беше запрашан дали ДУИ се согласува да бидат заедно парламентарните со претседателските, на што тој одговори:

-Формално одлука на ДУИ нема бидејќи немаме седници на телата, но се разговара меѓу членовите и во партијата. Кај нас има расположение за било која опција. Во моментов такви ни се внатрешните анкети дека победуваме во било која варијанта. Има едно размислување од логистичко-финансиски аспект, дека можеби ќе биде претешко за државата два изборни циклуси на три месеци и дека ќе се парализираат институциите. Друго е размислување изборите да бидат во ист ден, кажа потпретседателот на ДУИ.

За договорот во последните 100 дена пред избори Владата да ја води премиер Албанец, Османи вели дека тоа е постигнато и се надева дека во почетокот на јануари ќе почнат тие 100 дена доколку изборите се одржат заедно и премиерот ќе биде предложен од ДУИ.

Слични содржини