Османи-Донев: Двете Влади дејствуваат во насока на реализирањето на конкретни проекти

од Nikola Popovski
163 прегледи

Во рамките на посетата на Софија, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба премиерот на Република Бугарија, Галаб Донев.

На средбата стана збор за севкупните односи и соработка меѓу двете држави, со фокус врз економската соработка и подготвеноста за заедничкото справување со последиците од енергетската криза.

Соговорниците изразија задоволство што само во изминатава недела, два клучни настани – oтпочнувањето со градба на источниот дел од железничкиот Коридор 8 и потпишувањето на Договорот за меѓусистемско поврзување за интерконективна точка Ќустендил-Жидилово, јасно ја демонстрираат определбата на двете Влади да дејствуваат во насока на реализирањето на конкретни проекти кои инфраструктурно и енергетски ќе ги поврзат двете земји и ќе претставуваат придонес во заедничките напори на земјите од европскиот континент соодветно да одговорат на актуелните предизвици.

Воедно, изразија задоволство и разменија конкретни предлози за успешно реализирање на претстојниот Бизнис форум, којшто двете земји планираат да го одржат во текот на месец декември, а кој се очекува да донесе конкретни придобивки за граѓаните од двете земји, на планот на економската соработка.

Слични содржини