Османи-Донфрид: Се зајакнува партнерството меѓу САД и С. Македонија

од Nikola Popovski
267 прегледи

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи информираше дека имал средба со помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид.

На средбата било утврдено задоволство од одржувањето на Стратешкиот дијалог Северна Македонија – САД, преку кој дополнително се зајакнува партнерство и се надградуваат билатералните односи меѓу двете земји.

-Поздравено сојузништвото во рамки на НАТО, како исклучително значајно во контекст на актуелните безбедносни предизвици. Благодарност за безрезервната американска поддршка за евроинтегративниот процес на Северна Македонија, наведува Османи.

На средбата присуствувала и американската амбасадорка во Македонија, Кејт Мери Брнз.

Слични содржини