Изминативе 10 години имавме секоја година избори во државата нема потреба државата повторно да се става на пауза.Мислам дека нема да има нови избори и потреси. Пред нас се важни прашања, а мнозинството е стабилно,по изборите очекуваме тоа и да се зголеми, вели Османи за Утрински брифинг.
Во врска со изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека следно е претседател Албанец во РС Македонија која беше толкувана како предизборен популизам, Османи вели дека Ахмети не е разбран соодветно.
-Ахмети зборуваше за еднаквоста како принцип, дека ниеден човек не може да биде исклучен. Тој ги објасни тие работи како промена на начинот на однесување. Тоа што беше во 90-тите либералната агенда сега е зелената агенда. Ние се адаптираме кон новото време. Прво, зелената агенда ја сфаќаме како нов начин на живот а не само како екологија. Правиме стратегија натаму преку практични решенија во таа насока, вели Османи.