Османи: ДУИ ги надмина сите обиди од внатре и надвор за поделба

од Viktor Jovanov

Али Ахмети е афторитетот кој не сплотува сите во една идеја која тој ја претставува во неговиот работен век. ДУИ е сериозна организација која ги надмина сите обиди и од надвор и од внатре да се подели. Останува најголемата партија која ги претставува правата на Албанците, изјави вицепремиерот за европски прашања и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи.

-Али Ахмети е лидер кој излезе од специфична средина, не е човек кој е избран на некакви конгреси или партиски математики и надгласување. Тоа е човек што историјата ги има донесено. Таквите луѓе треба да се искористат додека се здрави и можат да придонесат, Ахмети има уште многу да даде за државата, вели Османи.

Во однос на конкуренцијата помеѓу него и Артан Груби внатре во партијата, Бујар Османи дека конкуренцијата е здрава и дека двајцата се амбициозни и блиски соработници на Ахмети.

-Со Артан сме двајцата амбициозни и блиски соработници на Ахмети. Се надополнуваме еден со друг и сме претставници на нова генерација на политичари на кои ДУИ и Али Ахмети им дале можност. Конкуренцијата е здрава, но Ахмети засега останува лидер на ДУИ, вели Османи.

Слични содржини