Османи: ДУИ ќе издвои изборна победа од Липково до Струга

од Берта Китинска
236 прегледи

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, на последниот ден од изборната кампања пред првиот круг од локалните избори оцени дека неговата партија ќе ја оствари најголемата победа од нејзиното формирање.

„Без да сум субјективен, согласно анкетите кои не се на ДУИ, согласно анкетите на меѓународните организации кои ги вкрстивме во неколку наврати се покажува дека ДУИ ќе ја оствари најголемата изборна победа во нејзината политичка историја. Во моментов имаме само четири општини во кои градоначалник е Албанец, а не е од ДУИ. Ние мислиме дека драстично ќе падне тој број од четири општини и ДУИ ќе издвои изборна победа во најголемиот дел на општини, и урбани и рурални, од Липково до Струга“, изјави Осамни.