Османи: ДУИ на Генералниот совет на 15 октомври ќе ги формира партиските тела, продолжува дебатата за реформи

од Destan Jonuzi
145 прегледи

Тоа што се одлучи е дебатата од јавност да се префрли во партиските тела, и тоа ќе се случи на 15 октомври. Ќе се формираат партиските тела во коишто ќе продолжи оваа дебата која што е израз на демократската пракса, слобода во партијата секој да си ги изрази своите мислења.

Мислам дека тоа е здраво за секоја партија, и за секое општество, рече министерот за надворешни работи и член на ДУИ Бујар Османи на новинарско прашање за реформите во партијата и очекувањата од претсојниот состанок на Генералниот совет. Според него, формирањето на партиските тела било пролонгирано поради ковид пандемијата.

-Па времето на формирање не е утврдено во Статутот, имаше одредени причини, пред се, беше короната која што не дозволуваше и воопшто физички состаноци и тоа траеше две години и беше веднаш после Конгресот на партијата и така некако се изгуби тука моментот со ковид пандемијата. Така да, мислам сега е навремено да се формираат тие партиски тела во коишто оваа дебата која што не ни е прва, ни последна во ДУИ, јас колку сум внатре, толку знам за вакви забелешки кон едни, кон други, и мислам дека тоа е добро затоа што, така се канализира енергијата, незадоволството на соодветен, на институционален начин преку партиските тела, вели Османи.

Прашан дали се чувствува загрозен за неговата функција како министер во Владата, Османи рече,„јас сум мисионер, не сум функционер“.

-Јас сум професионален политичар којшто кариерата не ја имам само во Владата. Кога не сум бил во Владата сум бил во партијата, така да, јас сум мисионер, не сум функционер. И овие платформи ми се само начини на изразување на мојата мисија. Дали тоа ќе го правам како портпарол, како министер, како функционер, всушност е една идеја и всушност ние работиме за идејата, вели Османи.

Ахмети, по средбата на 5 октомври со претставниците на таканаречената „Огнена група“, која минатиот месец писмено побара реформи во партијата и смена на вицепремиерот Артан Груби, најави дека на 15-ти октомври ќе се одржи Централно собрание каде што ќе се разговара за политичката ситуација, но и ќе се избере новото претседателство, кое ќе ги избере и другите органи. Владиниот состав на ДУИ ќе има отчет пред овој орган, рече Ахмети.

Слични содржини