Османи: ДУИ очекува и наредниот период Заев да ја води Владата

од Берта Китинска

Ние имаме договор со Заев дека одреден период, премиер ќе биде Заев. Ние тоа го знаеме. Што ќе прави Заев во партијата и кој таму ќе биде лидер, тоа не знаеме,вели министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи во дебатниот магазин „Click Plus“

-Тој може да ги почне процесите во партија, но во Владата ние имаме заеднички договор и заеднички одговорности. Ние очекуваме и наредниот период Заев да ја води Владата. Тоа впрочем го кажа и претседателот Ахмети во ова исто студио во ТВ21. Ние имаме договор со Заев и не сме известени дека ќе има друг мандатар. Се што знаеме, сме слушнале од медиумите, порача Османи.

Слични содржини