Османи: Единствена надеж за да го поправиме судството е отворањето на Поглавјата 23 и 24 и вклучување на ЕУ

од Nikola Popovski
483 прегледи

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи смета единствениот спас за реформа на судството се преговорите со ЕУ.

-Губам надеж дека ние самите ќе можеме да го поправиме судството. Единствена надеж гледам во отворањето на Поглавјата 23 и 24 и вклучување на механизмите на ЕУ во тој дел. Уште еднаш прашањето на отворањето на поглавја е клучно за внатрешните процеси. Пробавме се, пробавме со најдобрите закони. Нема реформи и враќање на довербата без затворање на Поглавјата 23 и 24. Верувајте нема подобри закони и порадикални закони, како што се нашите во делот на правосудството. Мислам дека нема друга земја каде што има единствена точка на влез во судството и обвинителството, освен преку Академија, рече Османи, одговарајќи на новинарски прашања.

Од Стејт департментот порачаа дека „лидерите на Северна Македонија мора да покажат силни, опипливи резултати во борбата против корупцијата, преку зајакнување на институционалната независност и ограничување на политичкото мешање, особено во судството, што е од суштинско значење за исполнување на целите за пристапување во ЕУ и градење доверба на граѓаните во владата“.

Слични содржини