Османи: ЕУ не го цени напредокот на Косово кон членство во ЕУ

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека Европската Унија не го цени напредокот на Косово кон членство во ЕУ, објави косовскиот весник „Коха Диторе“. Таа рече дека Косово никогаш не „флертувало“ со злонамерни сили, наведувајќи ги Кина, Русија и Иран, и дека отсекогаш било проевропско.

од Vladimir Zorba
8 прегледи Фото: Фејсбук/Официјален профил на Вјоса Османи

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека Европската Унија не го цени напредокот на Косово кон членство во ЕУ, објави косовскиот весник „Коха Диторе“. Таа рече дека Косово никогаш не „флертувало“ со злонамерни сили, наведувајќи ги Кина, Русија и Иран, и дека отсекогаш било проевропско.

Османи додаде дека интеграцијата на Косово во ЕУ останува блокирана, нагласувајќи дека процесот базиран на заслуги, како што го објави ЕУ, не изгледа дека функционира за Косово.

„Не сметаме дека овој проевропски пристап (на Косово) и фактот дека сме 100 проценти во согласност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ се гледа или цени. Напротив, се чини дека се зема здраво за готово. Вкупно, 97 проценти од населението на Косово е проевропско. Нашите реформи во економијата, во владеењето на правото, особено во борбата против криминалот и корупцијата, беа од суштинско значење. Сепак, ние сме блокирани на нашиот пат кон европска интеграција и се чини дека процесот базиран на заслуги за кој ЕУ толку многу зборува останува нешто од иднината. Не гледам дека тоа се случува сè уште“, изјави косовскиот претседател за „Политико“.

Во меѓувреме, кога беше прашана за улогата на Германија во овој процес (за европската интеграција на Косово – н.з.), Османи изрази оптимизам дека со Германија, Косово има добри шанси да продолжи напред со интеграцијата.

„Доколку Германија го преземе водството, мислам дека тоа ќе се случи. Се надевам дека Германија ќе ја игра оваа водечка улога во промовирањето на процес базиран на заслуги, бидејќи не сакаме милосрдие. Не бараме скратен пат. Сакаме токму почитување на работата што ја работиме и признание за реформите што ги преземаме. И ако ова се земе предвид, Косово би станало водечка земја (во тек на патот кон ЕУ). Но, реалноста е дека досега нашата апликација дури и не е разгледана“, рече Османи.

Таа потсети дека земјата поднела апликација за членство во декември 2022 година. „(…) Сега сме речиси во декември 2025 година. Таа (апликацијата) е некаде во фиоките на Европската унија, но не се движи напред“, рече косовската претседателка.

Османи нагласи дека Косово не треба да се гледа како товар за Европската унија, туку како стратешка неопходност, објави уште „Коха Диторе“. Според неа, нестабилен и несигурен Западен Балкан значи нестабилна и несигурна Европа.

Слични содржини