Османи: Евентуалниот прием на Украина во ЕУ ќе го забрза пристапувањето на Македонија

од Nikola Popovski
308 прегледи

Направивме сѐ што можевме за почеток на преговорите со Европската Унија, смета министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Според него, жално е што некои работи не зависат од нас.

-Јас би сакал уште утре да влеземе. Постојат анализи и гласови кои говорат за почнување на овој процес што поскоро токму поради безбедоносниот контекст, рече синоќа Османи во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Тој потенцира дека можниот прием на Украина во ЕУ може само да го забрза процесот на Македонија.

-Нивното евентуално влагање во ЕУ не може да не остави нас на страна, тој процес само може да го забрза нашето пристапување, додава Османи.

Тој смета дека охрабрувањето за европската перспектива на регионот ќе придонесе и во безбедносното консолидирање на ЕУ.