Османи: „Европскиот фронт“ нема да им наметнува на граѓаните за кого да гласаат на претседателските избори

од Nikola Popovski
220 прегледи

Граѓаните самите одлучуваат за тоа кого ќе поддржат во вториот круг, изјави денеска потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, запрашан дали како Европски фронт одлучиле како ќе се позиционираат на вториот круг од претседателските избори.

На констатацијата на новинарот дека се споменува бојкот и дали ДУИ ќе ги бојкотира претседателските избори, Османи додаде дека како „Европски фронт“ немаат намера да им наметнуваат на граѓаните за кого да гласаат.

-Сметаме дека тоа е суштината на демократијата. Наше е да ги информираме граѓаните за сите аспекти од одлучувањето, а на крајот одлуката е нивна, додаде Османи по средбата со Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).

На полноќ финишира изборната кампања. Партиите имаа уште неколку часа да ги убедат граѓаните да гласаат за нивната опција. Во изминатите 40 дена се изнаслушавме проекти и ветувања. Кој планира да ги зголеми платите и пензиите, да го смени Уставот, кој е за, а кој против ЕУ. Кој ќе ги врати младите во државата, а која опција ќе формира влада.

Слични содржини