359
Бујар Османи во вечерашното издание на дебатниот магазин “Click Plus” на ТВ21 истакна дека не е среќен кога Мицкоски зборува на прес конференција за Законот за јазици.
„Законот за јазици не треба да биде партиска тема и за тоа да се обидуваат да поентираат. Затоа велам, не му помага на Мицкоски оваа тема“, додаде Османи.
Тој рече дека се работи за фејк њуз ширењето на вести дека рекол дека има можност за војна ако има проблем со Законот за јазици.
„Пред 2001 имавме носење на одлуки само од една страна. По 2001 година одлуките се носат со консензус и така треба да биде. Со војните сме завршиле, сега ни треба заеднички јазик“, заклучува Бујар Османи и Законот за јазици не е обврска на ДУИ, тоа е уставна обврска.