Османи: Финансиерите на „Никола Вапцаров“ промовираат спротивни вредности од стратешките вредности на С. Македонија

од Nikola Popovski
340 прегледи

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи смета дека „овој начин отворање на клубови кој што влегува во натпревар со инструментализирање на правата на граѓаните од двете страни и не е во духот на добрососедството и пријателството, не е во функција на вредностите што ние ги сметаме дека треба да ги промовираме“.

-Апсолутно немаме против отворање на клубови и овде и таму, меѓутоа тоа треба да биде во духот на добрососедството. Ако го гледате прво контекстот на овие клубови, се гледа дека влегуваме во натпревар. Јас сметам дека овде имињата не беа добронамерн и не мислам дека тоа помагаше на бугарската заедница, исто како што сметам дека финансиерите на клубот во Бугарија, временскиот момент кога се случува, начинот на кој што опозицијата се надоврзува за да лови политички поени, е обратно од тоа што сакаме да го правиме. Сметам дека и тогаш бугарската влада погреши што дојде на отворањето на Ванчо Михајлов. Не мислам дека Македонците во Бугарија добија нешто со овој клуб, освен што уште повеќе ја поларизираа бугарската јавност кон нив или дека овде Бугарите нешто добија бидејќи ја поларизираа нашата јавност, рече Османи во емисијата „24 анализа“ за отворањетно на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград.

Тој порача дека финансиерите на клубот „Никола Вапцаров“ се луѓе кои што промовираат спротивни вредности на стратешките вредности на Северна Македонија.

Според него, „клубовите се отвораат како реакција на другиот, отколку за потребата за промовирање на својата заедница“.

Слични содржини