Османи: Франција го нема доставено конечниот предлог, досега беше работна верзија

од Nikola Popovski
195 прегледи

Прво треба да видиме што текст има изгласано Бугарското собрание и како тоа ќе се одрази кон тоа што француското претседателство ќе го достави како конечен предлог. Тоа беше само работна верзија, не беше довршена. Допрва ќе видиме која е бугарската позиција и што ќе предложи Франција, откако го виде и нашиот став. Ќе видиме во наредните денови, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Османи информира дека во работната верзија на преговарачката рамка и други заклучоци кои што беа доставени до земји-членки има прашања во загради.

-Затоа сметам дека со оваа одлука на Бугарија и нашата позиција претставена од Ковачевски, ќе видиме за каков пристап ќе се одлучи. Нашиот став е јасен – прашањето за јазикот, историскити прашања, да не бидат дел од преговарачката рамка и секвенционирањето меѓу чекорите, како промената на Уставот и почетокот на преговорите се важни во нашата одлука да се прифати или одбие некој предлог, констатира Османи како одговор на новинарско прашање.

Слични содржини