На денешната средбата во Париз со државниот секретар надлежен за европски прашања, Клемен Бон на која присуствуваа МНР Османи и ЗПВ Маричиќ беа изнесени јасни и недвосмислени пораки за поддршка од Франција за нашите интеграции. Како што изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска се разговарало за европско досие на С. Македонија.
– Најпрво, еве и вака јавно, искрено да се заблагодарам на државниот секретар надлежен за европски прашања, почитуваниот пријател, Клемен Бон, за ова денешно гостопримство, тука во Париз, во престолнината на Француската Република. Очигледно разговараме за европската досие на Северна Македонија и во таа насока потенцијалите на Француското претседателство за напредок во нашите европски интеграции. Денес добивме јасни и недвосмислени пораки за поддршка од страна на Франција, вели министерот.
Тој посочил дека ги разбира грижите на ЕУ и потребата за трансформација на Унијата.
-Го информирав г-нот Клемен Бон за создадената нова политичка клима меѓу двете нови влади во Северна Македонија и Бугарија, која очигледно покажува една нова енергија, нова иницијатива во нашите меѓусебни односи, што говори и за сериозноста и посветеноста на двете земји за да се постигне напредок. Ние ги разбираме грижите на ЕУ; потребата за трансформација на Унијата, за нејзино продлабочување пред нејзиното проширување, и нашата позиција е тука јасна – ние силно ја поддржуваме Конференцијата за Иднината на Европа, особено во контекст и на новата Методологија за преговарање, која ја сметаме и за еден успешен предвесник на целиот процес. Уште еднаш -Благодарам Клемен за оваа посета, за оваа средба, и еве јавна покана за посета на Скопје, на Северна Македонија, и секако на целиот регион. Мерси!, изјави МНР, Османи.