Османи ги осуди нападите на Хамас врз Израел: „Актите на терор мора веднаш да престанат“

од Stefanija Kuzmanovska
256 прегледи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги осуди нападите на Хамас врз Израел.

„Силно ги осудувам насилните напади на групата Хамас врз Израел. Продолжува нашата целосна солидарност со Израел, овие акти на терор мора веднаш да престанат“, напиша Османи на социјалната мрежа X.

Според последните информации, најмалку 100 Израелци и 198 Палестинци загинаа во денешната офанзива на палестинското движење Хамас против Израел.

Слични содржини