Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи при посетата на Албанија, се сретна и со Македонците од Пустец.
На средбите со градоначалникот Пали Колески, како и со претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција, Васил Стерјоски ги отвориле прашања кои се предизвик за локалната власт и локалното население во поширокиот регион на Пустец.
-Остануваме во комуникација со Македонците во Албанија и албанските институции за прашања кои се од интерес на нивната етничка, културна и јазична посебност. Остварив средба со директорот на училиштето, во кое учениците посетуваат настава на македонски јазик, информира Османи.
Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека нема сомневање дека Македонците во Албанија ќе можат слободно да ја изнесат својата етничка припадност на пописот, бидејќи тој се одржува според највисоки европски стандарди.
-Македонците во Албанија се етаблирана заедница кои има својата политичка партија, пратеник во Собранието, градоначалник од нивните редовиНие како држава сме секогаш присутни меѓу нив. Врз основа на пописот секој од нив ќе може слободно да се изрази во Албанија како Македонец, нормално и секој притисок доколку таков постои, не треба да подлегнуваат на него. А, она што го знам, е дека Албанија ќе го спроведе пописот врз основа на сите највисоки стандади на ЕУ и на Евростат, сигурно дека ќе спречи притисоци во поглед на какво било влијание врз кој било граѓанин без разлика на неговата етничка припадност, изјави Ковачевски.