Османи ги предаде долностите на в.д. претседателката Хаџију

Претседателката на Косово во заминување, Вјоса Османи денес ѝ ги предаде должностите на претседателката на парламентот во Приштина, Аљбуљена Хаџи, која ќе ја извршува функцијата в.д. до изборот на нов претседател, објави Коха

од Vladimir Zorba
17 прегледи Фото: Фејсбук/Вјоса Османи

Претседателката на Косово во заминување, Вјоса Османи денес ѝ ги предаде должностите на претседателката на парламентот во Приштина, Аљбуљена Хаџи, која ќе ја извршува функцијата в.д. до изборот на нов претседател, објави Коха.

-Хаџију ќе ја извршува функцијата вршител на должноста, и покрај фактот што парламентот во Приштина не избра нов претседател на привремените институции пред истекот на мандатот на Османи.

Пратениците на Приштинскиот парламент, во согласност со одлуката на Уставниот суд од 25 март, имаат рок до 28 април да изберат нов претседател на привремените приштински институции.