Османи го осуди нападот на Русија: Ова е акт на агресија

од Nikola Popovski
185 прегледи

Македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи рано утрово го осуди нападот на Русија врз Украина.

-Денешната одлука на Кремљ со воените дејствија на руските воени сили не е ништо помалку од акт на агресија и почеток на војна против Украина, акти кои најстрого и најостро можно ги осудуваме. Во овие тешки времиња застануваме заедно со Украина, напиша Османи на Твитер.

Рускиот претседател Владимир Путин утрово го најави почетокот на нападот врз Украина. Во обраќањето до нацијата, Путин најави почеток на „специјална воена операција“ чија цел е „демилитаризација и денацификација, а не окупација на државата“. Првите извештаи за експлозии доаѓаат од Украина, вклучително и Киев.