223
Вицепремиерот од редовите на ДУИ, Бујар Османи, го посети претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје.
„Еднаш борец, секогаш борец“, напиша под фотографијата Османи во која е Џафери, а покрај нив двајцата на фотографијата е и докторот Неџати Јакупи кој е поранешен пратеник и министер од ДУИ.
Џафери е сместен на Инфективната клиника од петокот (24 јули).
Тој беше примен со повеќе симптоми кои укажувале на присуство на вирусот, а имал и пневмонија, но досегашните тестови, според информациите од неговиот кабинет, се со негативен резултат.