Османи-Хасани: С.Македонија и Албанија се подготвени да ги отворат кластерите и поглавјата и тоа не треба да се одолговлекува

од Nikola Popovski
183 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес оствари средба со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија Игли Хасани, кој е на прва официјална посета на земјава по стапувањето на функцијата.

Во фокусот на средбата беа билатералните односи, актуелните политички состојби во регионот, НАТО сојузништвото, како и европските перспективи на двете земји на што беше даден посебен осврт.

„Двете земји веќе една година активно водеа преговори со кои успешно го заврши скрининг процесот, добивајќи добри, да речам одлични оценки. Северна Македонија и Албанија се подготвени да ги отворат кластерите и поглавјата и тоа не треба да се одолговлекува; напротив, двете земји треба да ги продолжат преговорите, и да ја забрзаат својата интеграција уште пред полноправното членство.”, истакна Османи, посочувајќи на целосната или 100% усогласеност со Заедничката и безбедноста политика на Унијата, високата имплементација на европското законодавство, како и на фактот дека двете земји се веќе НАТО сојузници заедно со најголемиот број европски земји.

На средбата беа отворени и темите и за регионалната соработка, бројните регионални иницијативи, и воопшто меѓусебната поддршка во мултилатералните организации. Беше потенцирано дека дете земји имаа значајна мултилатерална улога изминатава година: Северна Македонија како претседавачи со ОБСЕ, а Албанија како непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Слични содржини