Османи: И без резолуцијата на Германија, македонскиот идентитет е загарантиран во ЕУ

од Nikola Popovski
212 прегледи

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи денеска од третиот „Преспа форум за дијалог“ изјави дека до првото гласање во Собранието за уставните измени, имаат шанси за договор со опозицијата.

-Тоа го анализираме на дневна основа, во зависност од роковите во Собранието, рече Османи на прес-конференција.

Османи се заблагодари на партиите кои што ја иницираа резолуцијата за Македонија во германскиот Парламент и очекува поддршка од сите тамошни партии.

-Германија е еден од најсилните поддржувачи на европската перспектива на Македонија. Овие резолуции за поддршка се само потврдување на тоа што формално го има во преговарачката рамка. И без тие резолуции, идентитетот во ЕУ е загарантуран. Како стануваме членка, тој само се промовира се повеќе. Бидејќи има дилеми во јавноста, некои земји иницираа такви иницијатива за да им кажат на граѓаните дека е точно тоа што се гарантира во преговарачката рамка со ЕУ, изјави Османи.

-После преговарачката рамка и ФРОНТЕКС, не треба никаква резолуција, не треба никакво убедување. Тоа е завршено прашање, но опозицијата продолжува да плаши и ги приморуваме пријателите да лансираат такви идеи, за да се потврди идентитетот, јазикот и културата. Ова е од тоа непринципиелно плашење на луѓето, рече шефот на македонската дипломатија.

Слични содржини