Османи и Кулеба посетија прифатен центар за бегалци на полско-украинската граница

од Nikola Popovski
200 прегледи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со негвоите колеги од Полска, Збигњев Рау и од Шведска Ан Линде како дел од тројката претседавачи со ОБСЕ, заедно со украинскиот шеф на дипломатијата Дмитро Кулеба биле во посета на прифатниот центар за бегалци во Млини во близина на граничниот премин Корчова, на полско-украинската граница.

Пораките од посетата биле дека меѓународната заедница треба да биде обединета, цврста и решителна, како и дека мора да се зголемат економските санкции и максимално да се ограничи финансискиот прилив во Русија.

-Како резултат на руската неиспровоцирана и неоправдана инвазија на независна држава, милиони украински граѓани ги напуштија своите домови. А тоа што го видовме денеска е длабоко вознемирувачко. Ќе се ангажираме за искористување на механизмите и алатките на ОБСЕ за ублажување на последиците од војната, објави Османи после средбата.

Слични содржини