Нашите очекувања се дека околностите ќе се влошат, наш приорите е да направиме безбедни коридор за да ги извлечеме нашите граѓани во Украина, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Тој посочи дека има семејство со петдневно бебе во Харков каде се одвиваат најголемите воени дејствија.
– Има семејство со бебе старо 5 дена во Харков каде се одвиваат најголемите воени дејствија. Во постојана комуникација сме со нив.Тие не можеле да одговараат на нашиот повик за да ја напуштат Украина затоа што чекале термин за породување кој што бил на неколку дена пред руската инвазија. Воспоставивме комуникација со повеќе министри за тие кои имаат пристап до тој град, кој се наоѓа до границата со Русија, очекуваме денеска ако успееме да го извлечеме тоа семејство, објасни Османи.