Османи: Имаме документ за кој сме спремни да го прифатиме, но немаме одговор од Бугарија

од Берта Китинска
197 прегледи

Во моментот кога ќе имаме согласност по однос на било кој документ, дека може да биде основа за договор со Бугарија пред да се стави потпис на тој документ ќе дојдеме ќе ги информираме пратениците и јавноста, изјави денеска на прес-конференција во Скопје министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Османи, нагласи дека се уште не може да каже дека имаме договор меѓу двете страни по однос на еден документ што треба да биде сеопфатно решение за сите разлики коишто ги имаме со Република Бугарија.

„Има еден таков документ којшто ние сме спремни да го прифатиме, меѓутоа се додека не добиеме одговор дека е прифатлив и за Република Бугарија сметам дека не се созреани тие предуслови за да можам јас да ги информирам пратениците и јавноста, бидејќи тој може да биде одбиен и тогаш сето тоа би било непотребно“, истакна Османи, одговарајќи на новинарски прашања за можен договор со Бугарија.