Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи денеска на прес-конференција информираше дека имало обид за хибридни закани изминативе денови во обид да се урне позицијата на Владата во однос на францускиот предлог за преговарачка рамка на земјава.
-Имавме обид за хибридни напади со закани за министри и политички партии со кои се обидуваше да се урне нашата државна стратегија и државните позиции за спорот со Бугарија, кои може да се исчитаат во контекст на кривични постапки. Соодветните органи би требало да истражат кои се луѓето што сакаа да ја дестабилизираат државата, рече Османи на прес-конференција во Владата заедно со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Министерот додаде дека е можно некои да избрзале од наивност, но некои учествувале свесно и организирано во хибридните закани.